За нас
/Проектот со наслов “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ e поддржан во рамки на проектот на Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.
Проектни партнери
- Проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ е спроведуван од
- Порака Неготино - Неготино (апликант)
- ЗЛЦПДП Велес
- Еко-Живот Кавадарци
Порака Неготино - Неготино
Апликант
ПОРАКА НЕГОТИНО е организација на родители која е плод на желбата на родители на дете со посебни потреби да обезбедат сигурна и здрава иднина за нивното дете, а и за сите останати лица со посебни потреби. Лица кои ќе имаат достоен дом, кои ќе бидат почитувани, социјализирани, инклузирани и работно ангажирани. Желбата и сигурната мотивираност ја создаде реалноста.
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
Партнер
ЗЛЦПДП Велес е организација која овозможува социјални услуги за лицата со попреченост вклучително и жени и девојчиња, за нивна подобра вклученост во општеството, преку пристапите засновани на почитување на човекови права, и искористување на концептите на
социјална претприемништво и економско зајакнување на жените.
Еко-Живот Кавадарци
Партнер
Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко-Живот Кавадарци е основано со цел заштита и унапредување на животната средина, подигнување на еколошката свест и вклученост на граѓаните, особено младите луѓе, спроведување на еколошки акции и проекти. ко-Живот има голем број на активни членови и волонтери кои се од разновидни професии како екологисти, биолози, правници и т.н.
Проектот со наслов “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ e поддржан во рамки на проектот на Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.