Планирани активности
/Во текот на спроведувањето на проектот се планирани следниве активности:
A1.1.1 – Изработка на онлјан платформа
А1.1.2 – Реализација на три тркалезни маси – семејства и организации на Лицата со попреченост – наспроти медицински работници ( лекари и друг медицински персонал) – проблеми и искуства, добивање на почетни инфромации за содржината на Платформата
А1.1.2 – Изработка на едуктативни видеа – презентација на искуства на семејствата и лекарите
A1.2.1 – Изработка на предлог протокол за опфат и третман на лицата со попреченост во процесот на пружање на здравствената заштита
А 1.2.2 – Изработка на инфо-табли за процесот на опфат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи
А1.2.3 – Изработка и дистрибуција на налепници “Пристапен Доктор“
A1.3.1 – Изработени совети (прирачници) за семејствата на лицата со попреченост за користење на услугата “Пристапен Доктор“
А1.4.1 – Реализација на три едукативни сесии за запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост
A2.1.1 – Изработка на профили на социјалните медиуми (Фејсбук и Инстаграм) за платформата “Пристапен Доктор“
А2.2.1 – Испитување на јавното мислење (преку онлјан прашалник) за проблемите на семејствата на лицата со попреченост, како и на медицинскиот персонал при процесот на третман на лицата со попреченост
А2.2.2 – Реализирање на анкета преку директен контакт со семејствата на лицата со пореченост во трите општини за проблемите и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост
А2.2.3 – Анализа на добиените резултати од онлјан прашалникот и анкетата и изработка на извештај за јавното мислење
А2.2.4 – Реализација на тркалезна маса за презентација на резултатите од онлјан прашалникот и анкетата
А3.1.1 – Реализација на две тркалезни маси – семејства и организации на Лицата со попреченост – наспроти социјалните работници и претставници на Локалните институции за социјална заштита – соочување на проблемите и предизвиците со кои се соочени ЛП– можност за креирање дополнителен Фонд за медицинска грижа за лицата со попреченост
А3.1.2 – Поднесени иницијативи за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
А3.1.3 – Реализација на средба – тркалезна маса на организациите со Пратеници во Собранието за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
А3.1.4 – Реализација на еднодневнен Регионален настан во еден од партнерските градови: “Фестивал на пристапноста“
Проектот со наслов “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ e поддржан во рамки на проектот на Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.