Новости

/ /

Втора тркалезна маса во Кавадарци

На ден 17ти декември 2024 во ресторан Бриони во Кавадарци се одржа втората по ред, од три планирани тркалезни маси.

“Почитувани пријатели, наши донатори, соработници и корисници,…“

Со оваа реченица почна втората по ред тркалезна маса, настан планиран и реализиран како дел од проектот „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ во организација на Еко-Живот, Eco-Life Kavadarci , Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Poraka Negotino и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, со упатена огромна благодарност за пооддршка до Владата на Швајцарија преку Embassy of Switzerland in North Macedonia чиј што проект е Цивика мобилитас за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, кој го спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Оперативниот директор Гоце Николов укажа на моментот со зборовите “Денес во Кавадарци не е обичен ден, за нас од Порака и нашите партнери, но и за мене лично е ден кога можеби за прв пат на иста маса сме очи во очи со нашите доктори и медицински персонал од Кавдарци и околината кој на еден или друг начин се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите блиски – лицата со разни видови на попреченост“.

За Порака Неготино па и за другите пратнери, е укажано и на првата тркалезна маса, а ќе се укажува и на другите средби нашиот Караван на посакувани промени тргна пред повеќе од 25 години, а за успеси но и проблеми ќе кажат лица и социјалната и здрватевената фела, особено партнерите во овој проект со кои (дел од нив) сме заедно во оваа наша битка за подобро утре на нашите блиски и корисници кои ни се дадени да се грижиме и работиме со нив на најдобар можен начин.

Нашите ставови и предлози не е во насока да се критикуваат нашите пријатели доктори и медицински персонал кои можеби од незнаење имале ненамерен стигматизирачки став кон нашите деца и блиски кои имаат некаков вид на попреченост, туку да изнајдеме заедничко решение со кое сегашнава состојба би ја подобриле во корист на сите, пред се на фамилиите кои имаат лица со попреченост, самите лица со попреченост но и организациите кои се предодредни да даваат некаква услуга за помош и поддршка на самите лица со попреченост.

Целта на денешната тркалезна маса што се реализираше во Кавадарци беше да се алармира за долгогодишниот проблем околу медицинската грижа кон лицата со попреченост, нивниот прифат и третман пред се во приватните установи и во здравствените установи, во примарното, секундарното и терцијалното здравство.

Над 10тина лица со попреченост, дел и од Локалните здравстевни и општински институции, беа согласни за повеќе од очигледните проблеми со кои се соочени групата на граѓани за кои и оваа наша иницијатива е востановена се со цел ги слушне, види и разбере проблемите на ЛП и нивните старатели но и на организациите кои се директни чинители во грижата на лицата со попреченост.

Заеднички именител на сите изнесени ставови и заклучоци се во насока на подобрување на Законските одредби во Законите за здравство и социјална заштита, се со цел нашите сограѓани Лицата со попреченост добијат малку подобра и поквалитетна здравствена и социјалан услуга која во овоие моменти и во одредени сегменти ја нема.

На крајот се повикаа сите заинтересирани, пријатели и помагачи на нашата кауза за средба во Велес во наредниот период.