Новости

/ /

Презентација на протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост во Кавадарци

На 11ти јули 2025 (петок) во ресторан Бриони Парк во Кавадарци ја реализиравме третата и последна од трите планирани презентации – сесии посветени на запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост.

Веќе знаете дека овие настани и целата иницијатива е овозможена во рамки на проектот со наслов “Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, во рамки на проектот на Civica Mobilitas кој е финансиран од Владата на Швајцарија , преку Embassy of Switzerland in North Macedonia a кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

Искуство, препораки преплетени со случки од лекари и медицински пероснал кои се случиле кога некој од лекарите незнаејќи како и на кој начин да пристапи на некое лице со попреченост покажувале доза на “стигматизација“, НО НЕ затоа што сакале или ја имале намерата да го стигматизираат тоа лице со попреченост, туку баш напротив да не му зададат болка или дополнителен стрес на тоа лице.

Со знаење и овластување од в.д. Директорката на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност Кавадарци д-р Гордана Ѓорчева Камчева на настанот свои погледи и искуства споделија д-р Даниела Станојоска Иванов и д-р Катарина Петкова Николов, самите лекарки укажаа на своите почетоци и првите средби со корисници – лица со попречености на територија на Општина Кавадарци и пошироката околина.

Д-р Даниела Станојоска Иванов преку своја презентација даде свој личен пример но и препораки како и на кој начин би требало да се реализира еден конкретен и квалитетен лекарски преглед на лице со попреченост, посебно на лице со пречки во менталниот развој.

Свои видувања и сугестии дадоа и присутните лица со попреченост, нивни старатели поставувајќи прашања, но давајќи свои гледишта како да се подготви едно лице за преглед кај одреден лекар.

Скоро па сите дадоа свој коментар за разликите кои постојат во јавното и приватното здравство, а тоа е насока во која ние како носители на оваа иницијатива би требало да ги насочиме своите сугестии и препораки кон засебни и посебни одговорни чинители Фондот за здравство, Министерството за Здравство но и кон други релевантни ресорни министерства

Сите учесници имаа што да кажат и препорачаат за остварување на целта на нашава иницијатива.

Подобар живот за лицата со попреченост, е целта на активностите што беа реализирани во Кавадарци, на третиот по ред настан, едукативна сесија за опфат и третман на лицата со попречености, на која беа дадени лични искуства и препораки од присутни докторки.

Досега се одржаа три циклуси тркалезни маси. Во првиот, беа лицата со попреченост наспроти здравствените работници и Законот за здравствена заштита. Во вториот, лицата со попреченост наспроти социјалните служби и Закон за социјална заштита, а третиот циклус е посветен на едукативни сесии за подготовка на протоколот за опфат и третман на лицата со попречености, со идеи и препораки за подобрување на здравствениот третман и поддршка на овие лица, како алатка за подобра системска здравствена поддршка и темел за поинклузивен и попристапен здравствен систем, а во насока на подобар квалитет на животот на лицата со попреченост.

Благодарност до сите кои го исполнија денот со потребни – конкретни препораки кои ќе бидат вметнати во прирачникот кој ќе се изработи во периодот кој следи.