Во рамките на активностите на проектот, а имајќи ги во предвид активностите на политичките актиери за локалните избори, планираме да одржиме средба со сите кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за општина Неготино, Кавадарци и Велес.
На овие средби треба да присуствуваат претставници на нашето здружение, као и наши корисници, односно лица со попречености и членови на нивните семејства, но поканети се и сите кандидати за советници и градоначалници кои се натпреваруваат на овие Локални избори 2025.
Би сакале да укажеме дека партиските политички кампањи и “натпревари во политичкиот ринг“ ги следиме и ќе ги следиме со должно но и огромно внимание, затоа ги каниме СИТЕ на овие настани да зборуваме за нас и нашите предизвици со кои сме соочени, но и Вие почтивани кандидати за Градоначалници и Советници ќе се соочите доколку граѓаните токму Вам ви ја дадат својата доверба.
Заради поефикасна дискусија на средбите ќе се постават долу споменаите прашања, а истите ќе бидат акцентирани до секој од кандидатите на овие Локални избори 2025:
1. Кои, според Вас, се главните проблеми на лицата со попречености во Вашата општина?
2. Дали планирате во наредните четири години да ја подобрите пристапноста за лицата со попречености, пред се во здравствените установи, и како?
3. Што мислите за подршката во отворање или отворање на локални центри за рехабилитација?
4. Како мислите дека треба да се спроведува поддршката на лицата со попреченост и нивните семејства?
5. Колку се пристапни вашите партиски настани за потенцијалните гласачи-лица со попречености?
Првиот од планираните 3 (три) настани се реализира во Кавадарци на ден 02.10.2025. Плодна дискусија, со конкретни предлози за идни постапки дојдоа од скоро па сите учесници на сребата, а дел од атмосферата погледнете ја од самите фотографии.
Наредната е во Неготино а после тоа и во Велес.
Благодарност до сите кои го исполнија денот со потребни – конкретни препораки и предлози кои ќе се реализираат во периодот кој следи.




