Целта на сите нас во рамки на овој проект е да лобираме кај надлежните институции да се подобри пристапот и прифатот при здравствената заштита на лицата за попреченост на сите три нивоа на системот на здравствена заштита. На оваа средба беа поканети СИТЕ кандидати за советници и градоначалници кои се натпреваруваат на овие Локални избори 2025.
На оваа средба (07.10.2025 год.) присуствуваа претставници од нашето здружение, кандидати за советници и градоначалници кои се натпреваруваат на овие Локални избори 2025, и тоа кандидат за градоначанлник од ВМРО-ДПМНЕ г-ца Марија Нацева и кандидат за градоначанлник од СДСМ г-дин Петар Mантев, а имаше претставници и од ЗНАМ, Левица како и независен кандидат за советник во Општина Неготино.
Сите заедно се согласија дека би имало можности за подобрување на условите за нромално живеење на лицата со попреченост би биле еден од приоритетите во наредниот мандат на Локалната самоуправа. Дел од присутните ги претставија своите програми во делот на социјалната политика во која свое место би имале и лицата со попреченост.
Од наша страна беше побарано, во наредниот Совет се обезбеди и социјално столче, за организации кои со свои предлози и сугестии би биле дел од седниците на Советот на Општина Неготино кога ќе се разгледуваат прашања поврзани со лица со попречености.
Овој настан беше втор од планираните серија настани со претставници кандидати за советници и градоначалници кои се натпреваруваат на овие Локални избори 2025 во Вардарскиот плански регион, со акцент на Кавадарци, Велес, Неготино и други општини од овој регион.
Благодарност до сите кои го исполнија денот со потребни – конкретни препораки и предлози кои ќе се реализираат во периодот кој следи.
Проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“ поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот Цивика мобилитас, проект кој заеднички го спроведуваат Порака Неготино од Неготино, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес и Еко-Живот од Кавадарци.




