Новости

/ /

Форум на пристапноста

Кога ќе се спомене 3ти декември цело општество ја знае симболиката на тој ден, а тоа е дека е Меѓународен ден на лицата со попречености , посветен токму на огромната група наши сограѓани кои мака мачат да се изборат за местото кое по природа им припаѓа во секое па и нешто општество особено во етаблирање и обезбедување еднакви можности за сите граѓани.

Вчера ние партнерите од проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“ – Порака Неготино од Неготино, Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и Еко живот од Кавадарци бевме домаќини на настанот со наслов “Форум на пристапноста“ кој беше поддржан од страна на Владата на Швајцарија преку проектот Civica Mobilitas , Habitat for Humanity Macedonia, Општина Неготино и новоизбраната градоначалничка г-ца Марија Нацева и секако најпријатното место за реализација на еден ваков Регионален настан вратите ни ги отворија од ООУ Страшо Пинџур од Неготино и директорката г-ѓа Љубица Толовска.

Во тоа име сите ние им благодариме што ни овозможија вчерашиот ден го ставиме (меморираме) во посебен дел од организациските мемории, и ден за кој ќе се зборува и прераскажува во иднина.

Над 250 возрасни лица и над 150тина ученици од сите училишта од Неготино (основни и средни) беа дел од нашиот Регионален форум на пристапноста.

Ден исполнет со разни бои, уникатни ракотворби, разни презентации, изработки и творења на лице место, малку повеќе игра и песна но и глумата на дел од корисниците од Порака Неготино од Неготино и ученици од локалните основни но средни училишта едноставно ја збогатија самата атмосфера до гранции достојни за одбележување на еден таков ден посветен на огромна група наши сограѓани – лица со попречености и нивни блиски.

Не смееме да ги заборавиме нашите пријатели од организации и институции кои ни беа драги гости на самиот настан – ООУ Страшо Пинџур од Неготино, ООУРЦ Св. Климет Охридски од Ново Село ЦМА КРИК Скопје, Хуманост Скопје, Мобилност Кавадарци, Мобилност Велес, Клуб за спорт и рекреација на инвалиди од Кавадарци, Мускулна Дистрофија Асоцијација – МДА Македонија, Црвен Крст Неготино.

Значаен акцент и дел од Форумот беше и презентација (за прв пат) краткиот документарен филм “Тука сме“ изработен во рамки на проектот “Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата“, како и презентација и на посебната Платформа “Пристапен доктор“

Посебено внимание посветивме на двете тематски форумски сесии, и тоа првата темаа:

Пристап, прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи – искуства, предизвици, препораки кои ја дебатираа д-р Розјана Николова Јанева, д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Марија Дончева и д-р Миленка Митевска Ристова, и втората тема:

Хабитат Македонија 20 години искуство, предизвици, можности за поддршка на семејства во социјален ризик и организации, ЗЛЦПДП Велес и Порака Неготино од Неготино – грижа и домување, искуства, предизвици, препораки и потреби како и искустово од училишната инклузија и говорноците кои знаат, умеат и го имаат искуството за потребите на зададената тема: Милена Мусовска, Хабитат Македонија, Гоце Николов, Порака Неготино од Неготино, Далиборка Златева, ЗЛЦПДП Велес, Александра Бојкова Паризова, Еко живот Кавадарци и Фросина Михајловска – ООУ Страшо Пинџур Неготино.

На сите вас кои не помогнавте, поддржавте, бевете дел од Форумот на пристапноста, па и оние кои преку социјалните медиуми не поддржувате сме ви бескрајно благодарни.

Ние продолжуваме…

Фотографии од настанот:

https://www.facebook.com/pristapendoktor/posts/pfbid02C7ND5UVo4nnX6RAFTF7N2kSutXMNgouQfPm5P6GWbhV1LTBJtjeAvz2SdLV9fKMfl